Ova web-stranica koristi tehnologiju "kolačića" (eng. cookie) da bi se korisnicima prikazao prilagođeni sadržaj te su oni nužni za ispravan rad. Više informacija možete saznati ovdje. OK

Пинг - понг турнир VELES OPEN 2016

Понеделник, 24 октомври од 9:00 до 17:00 Спортска сала Гемиџии - Велес

Детали
 
На 24.10.2016 (понеделник) со почеток од 09:00 часот ќе се одржи пинг-понг турнир VELES OPEN 2016 во спортскиот центар "Гемиџии" во Велес. 

Категории: 
мажи - апсолутна 
жени - апсолутна

Котизација:
мажи - 300 ден.
жени - 200 ден.

Награден фонд:
МАЖИ 
Прво место - 5000 ден.
Второ место - 3000 ден.
Трето место - 1500 ден.
ЖЕНИ
Прво место - 2000 ден.
Второ место - 1500 ден.
Трето место - 1000 ден.

Пријавување за учество најдоцна до 22.10.2016 до 20:00 часот:
Телефон - 077/761-391; 076/693-933;
Е-маил - turnir.veles@hotmail.com

Ќе се игра на главниот терен на спортскиот центар "Гемиџии" на 10 пинг-понг маси. Учесниците ќе играат во група од по 4 натпреварувачи. Во елиминациона фаза продолжуваат по 2 првопласирани од секоја група. Натпреварувачите сами обезбедуваат топче. Се игра по правила на Интернационалната пингпонгарска федерација на 3 добиени сета. Ждребот ќе биде полудиригиран. Ждребањето на групите ќе биде јавно во просториите на спортскиот центар "Гемиџии" во сабота (22.10.2016) во 21:00 часот по што групите ќе бидат објавени. 

Покрај паричните награди обезбедени се медали и дипломи за најдобрите, како и признанија за најмлад и најстар учесник и други изненадувања.

Организатори:
ЈПССО "Парк Спорт" - Велес
ППК "Борец-Тим" - Велес
Автор: Zoki Tanevski
8.10.2016
Politika privatnostiPrivacy policy